Драматична разлика: Колку поскапеа малите автомобили за три години?
Цените се зголемени толку многу што малите автомобили се недостапни за многумина
Што ќе возиме во иднина? Половните автомобили им се наметнуваат на граѓаните со просечни примања. Додуша, тоа веќе нема да бидат возила стари три или четири години, туку дури и постари. Како и се друго, автомобилите поскапеа, а најмногу боли поскапувањето на возилата кои беа најпристапни – микро и малите градски автомобили.
Колку всушност поскапеа малите автомобили? Германскиот автоклуб ADAC ги објави цените за 2020 и 2023 година на германскиот пазар. Разликите се огромни, повеќето автомобили драстично поскапеле, а што се однесува до електричните автомобили, тешко е да се види нивната рентабилност…
Така, малиот Fiat 500 во 2020 година чинел 12.990 евра, а денес е 16.990 евра (основна верзија), Peugeot чинел 15.099 евра, а сега треба да платите 22.050 евра, Opel Corsa чинела 14.042 евра, а денес е 18.280 евра, за Mini требало да се издвојат 17.254 евра, додека денес чини 26.900 евра, а дури и Renault Twingo е 16.100 евра (2020 – 10.128 евра). Стартниот VW Polo чини 20.830 евра (во 2020 година 15.139 евра).
Драстично поскапеа и електричните автомобили: Fiat 500 од 23.560 евра на 30.990 евра, Peugeot e-208 од 29.682 евра на 35.350 евра, Opel Corsа-e од 29.146 евра на 36.395 евра… Значи, воглавно 20%.