Документарец кој секој вистински љубител на автомобили треба да го погледне! / ВИДЕО
За Alpina сигурно знаете, а ако не, треба веднаш да се информирате. Станува збор за еден од најголемите германски тјунери на сите времиња кога се во прашање возилата на BMW
Alpina можеби не е официјалната перформанс дивизија на баварскиот гигант, но оваа компанија секако тесно соработува со овој производител во текот на својата кариера, сега веќе повеќе од педесет долги години. Неодамна, YouTube Welt Documentary каналот го објави својот проект базиран на историјата на овој познат германски тјунер/производител.
Интересна приказна која не води од скромните почетоци и основањето на шеесетите, до денешните проекти на оваа компанија и вистинско уживање за секој оној е љубител на класичните модели на BMW и Alpina.
Alpina е основана во 1965 година во Кауфбојнер, мал германски град недалеку од седиштето на BMW во Минхен. Нејзиниот основач, Буркард Бовенсипен, ја започнал својата работа во автомобилската индустрија пред да го основа својот бренд, а како што можете да претпоставите, неговата матична компанија била BMW. Оттогаш, Alpina и BMW едноставно стануваат неразделни.
Низ овој документарец поминува широка плејада на интересни автомобили и човечки суштества. Се разбира, се појавува и основачот на Alpina, Бовенсипен, за да го сподели своето сеќавање за самите почетоци на неговото животно дело.
Без разлика дали сте љубител на брендовите Alpina и BMW или не, овој документарец дефинитивно вреди да го погледне секој кој е љубител на автомобилската индустрија и историјата на автомобилизмот. За сите оние кои ги сакаат овие брендови, дефинитивно ќе ги сакаат уште повеќе после него, додека за умерените ентузијасти овој документарец е вистински час од историјата и шанса овие компании уште повеќе да им се доближат до срцето.