Додека Tesla демонстрира како работи новиот автопилот… / ВИДЕО
Новиот систем за автономно движење на американскиот производител на електрични автомобили Tesla е на добар пат „управувањето да го претвори во целосна здодевност“
Системот бил претставен на состанокот со инвеститорите во компанијата на почетокот од неделата, за потоа да бидат јавно објавени и повеќе детали за него.
Видеото кое ја покажува новата беспилотна технологија е објавено на Youtube каналот на Tesla. Отпрвин може да се види како возачот ја поставува маршрутата на движење на автомобилот и го вклучува автопилотот. Со тоа завршува учеството на човекот во управувањето и останува само да го следи патот.
Автомобилот лесно се справува со пречките на патот, кои вклучуваат преминување низ сложени патни јазли и раскрсници, преминување во соседната лента, како и поминување на други учесници во сообраќајот. Сепак, цело време, возачот следи што се случува и е подготвен да го преземе воалнот ако тоа е потребно.
Сепак, додека Tesla го рекламира својот автопилот, на Youtube се појави и друго интересно видео кое покажува дека системот воопшто не е совршен и води кон сообраќаен инцидент кој за среќа завршува без повредени.