Со последната одлука на РКЕ од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемени во просек за 6,88%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 07.03.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 95,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 8,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 6,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 59,165 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензинот во просек за 8,971 % или за 92,050 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 16,811% или за 169,550 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 14,445% или за 139,600 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 9,336% или за 64,850 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9205 ден/$ и е за околу 1,078 % повисок од курсот на доларот (55,3242 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.