Добри вести од РКЕ: Од полноќ ново намалување на цената на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.02.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.02.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,411 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,130% или за 36,700 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,692% или за 23,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 2,466% или за 21,000 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,535% или за 2,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,6202 ден/$ и е за околу 0,169% понизок од курсот на доларот (56,7161 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.