Добра опрема и одлична техника спасуваат живот! Возач на мотоцикл преживеа страшен пад! / ВИДЕО
Дејтона е многу опасна кога се вози со голема брзина во близина на други возила
Дејтона е многу опасна кога се вози со голема брзина во близина на други возила, а тоа сме го виделе многу пати во NASCAR. Оваа патека се користи и за MotoAmerica шампионатот, а вклучува три остри кривини. Главниот актер во видеото, возачот Кристијан Миранда, на најлош можен начин научил како работите можат брзо да тргнат наопаку откако задното тркало на неговата Yamaha YZF-R6 изгубило тракција.
Пред се, важно е да се напомене дека Миранда поминал само со полесни повреди поради својата техника. Имено, од целиот страшен пад се извлекол само со скршеница на раката, за која ќе бидат, според докторите, потребни само 2-3 недели да заздрави.
Ова е неверојатно ако се земе предвид колку силно „полетал“ од мотоциклот, прво лизгајќи се кон ѕидот, а потоа назад кон внатрешноста на патеката. Големата причина зошто нема посериозни повреди е начинот на кој Миранда се „лизга“ по патеката, а, се разбира, тука е и неговата опрема.
Sudden rain can make things treacherous at @DAYTONA, and it caught Supersport rider Christian Miranda and a couple of other riders by surprise during qualifying for the Daytona 200. Miranda and the other riders were protected from serious harm by his safety gear. #Motorsport pic.twitter.com/xQ3yp419eE
— MotoAmerica (@MotoAmerica) March 10, 2022