Добра идеја, неуспешна реализација: Германскиот проект за соларен електричен автомобил пропадна!
Sono Motors ја прекинува програмата Sion по неуспешенните обиди да најде пари за да го изгради автомобилот
Приказната за германскиот производител на соларни автомобили Sono Motors со години кружи низ медиумите. Беше најавен како деловен еднорог, кој може да се вклучи на пазарот на електрични автомобили и со својот концепт да ги вознемири големите конкуренти. На крајот, моделот Ѕion ќе исчезне во ќорсокак на нереализирани проекти кои ветуваа многу, а на крајот испорачаа малку. Германската компанија оди напред, со нова идеја, но 300 вработени ќе треба да се преселат во Заводот за вработување.
Sono Motors ја прекинува програмата Sion по неуспешенните обиди да најде пари за да го изгради автомобилот. Собрани се повеќе од 45.000 резервации и преднарачки, но недоволно за старт на проектот. Сега Sono Motors најавува дека ќе се фокусира на продажба на соларни модули за возила од други добавувачи, особено за автобуси и камиони. Секој што нарачал Sion и платил однапред, ќе ги добие парите назад на рати во следните две години, плус бонус, велат од компанијата.
Како потсетување, Sion беше замислен како електричен автомобил со батерија од 54 kWh кој би поминал околу 250 километри, додека самото возило би генерирало во просек 112 километри дополнителна електрична енергија неделно користејќи соларни ќелии инсталирани на покривот, вратите и хаубата. Не можеше да се пофали со убавина, но беше интересен поглед на електричен автомобил.