Деветнаесет секунди – толку е потребно да се отвори или затвори покривот на верзијата Targa на Porsche 911 (992). Станува збор за третиот модел во производната линија на новата 911-ка

Не многу долго време по премиерата на купе и кабриолет верзиите пред нас е верзијата Targa која ќе се приклучи на семејството на популарниот спортски автомобил на Porsche. Во однос на дизајнот, тој ги дели генералните насоки од новата 911-ка, но со јасно потсетување на оригиналната Targa од 1965 година, вклучувајќи ги тука отстранливиот дел од покривот, заштитната структура и задното стакло.

И двете верзии, 4 и 4S го користат истиот 3.0 литарски twin-turbo со шест цилиндри, поврзан со 8-степен менувач со двојна спојка и погон на сите тркала. И во двата случаи, моќноста е поголема од кога било досега.

Кога зборуваме за моделот Targa 4, станува збор за 385 КС и 450 Nm, што е за 15 КС повеќе од порано. Кога е во функција изборниот пакет Sport Chrono, овој автомобил до стотка забрзува за 4,2 секунди, што е исто така побрзо од порано. Максималната брзина е 289 km/h.

Nормално, верзијата 4S е уште помоќна. Истиот мотор произведува 30 КС повеќе од претходно или вкупно 450 КС со 530 Nm. До стотка забрзува за 3,6 секунди, додека максималната брзина е 304 km/h. Porsche 911 (992) Targa 4S може да се нарача со сосема нов 7-степен менувач, кој неодамна беше воведен за 911 Carrera, со вклучен пакет Sport Chrono.

Она што е интересно е дека за околу еден месец, ќе биде промовирано специјалното издание, кое ќе донесе дополнителни „сочни“ детали.

 

Ценовникот за овие модели сеуште не е објавен.