Дизелот од утре со пониска цена!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 12.09.2022 година
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.09.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,473 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,341% или за 10,950 $/тон, кај дизелот намалување е во просек за 1,779% или за 19,100 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,389% или за 14,100$/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,067% или за 6,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,3219 ден/$ и е за околу 1,058% понизок од курсот на доларот (61,9777 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.