Свршеницата на суперѕвездата на Манчестер Јунајтед му подари Cadillac Escalade

Веројатно е многу тешко да се избере вистински роденденски подарок за личност која има милиони на својата банкарска сметка и може да си дозволи се. Со овој проблем се соочила и Џорџина Родригез, понежната половина на фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, кога морала да избере подарок за неговиот 37 роденден.

За нејзина среќа, напаѓачот на Манчестер Јунајтед има огромна страст надвор од фудбалот, а тоа се автомобилите. Во овој случај, тешката задача е да се избере автомобил кој е импресивен и скап, но не е дел од големата флота на играчот. Џорџина, која е бремена со близнаци, на крајот се решила на нешто потрадиционално од суперавтомобилите и луксузните лимузини кои ги има Португалецот.

На денот на неговиот роденден, 5 февруари, Роналдо на патеката пред неговиот дом го чекал сосема нов Cadillac Escalade, а Џорџина, сето тоа го снимила и го сподели на социјалните мрежи. 

Ова е втор ваков подарок за фудбалерот од жената до него, откако во 2020 година од неа (повторно за роденден) доби Mercedes-AMG G 63 Brabus.

Огромниот седмосед го придвижува 6.2-литарски V8 мотор со 420 КС, а моќноста на сите тркала се пренесува преку 10-степен автоматик. Escalade не се продава во Европа, а во САД е достапен за околу 100.000 евра.

Во колекцијата на Роналдо Bugatti Chiron и Veyron, McLaren Senna и MP4-12C, Ferrari 599 GTO, Rolls-Royce Cullinan и Phantom, Mercedes-Benz SLS AMG, Lamborghini Aventador…