Џо Бајден се провози во електричниот Hummer / ВИДЕО
Американскиот претседател Џозеф Бајден тестираше уште еден електричен модел, иако, барем за сега, останува лојален на фосилните горива
Набргу по тестирањето на електричниот пикап Ford F-150 Lightning, американскиот претседател седна и зад воланот на новиот електричен Hummer, кој наскоро ќе се влезе во продажба.
Ова се случило како дел од отворањето на обновената фабрика на GM Factory Zero, во чија модернизација се инвестирани дури 2,2 милијарди долари.
Како изгледа кога тестира претседателот на САД, погледнете во видеото во прилог.