Кога новата Opel Corsa GSi ова лето ќе пристигне на пазарот, таа ќе биде придвижувана од 1,4 литарски турбо мотор со 150 коњски сили

Во март, Opel ја најави новата Corsa GSi, кој доаѓа три децении по лансирањето на првата верзија на овој автомобил во 1988 година. Тогашната Corsa GSi имала 100 КС и дошла како замена за Corsa GT. Новата е 50% посилна. Ќе ја придвижува 1.4-литарски турбо бензински мотор со 110 kW / 150 КС и 220 Nm вртежен момент.

Спортскиот хечбек на Opel од 0-100 km/h забрзува за 8,9 секунди, а од 80-120 km/h за 9,9 секунди. Максималната брзина на автомобилот е 207 km/h. Според фабричките податоци, просечната потрошувачка на гориво е 7,8-7,9 l / 100 km во град, 5,2-5,4 на отворен пат и 6,2-6,3 во комбиниран циклус.

Производителот наведува дека овој турбо мотор со 6-степен менувач со кратки преносни односи се карактеризира со агилност во вториот и третиот степен на пренос, додека максималниот вртежен момент достапен меѓу 3000 и 4500 вртежи во минута е прилагодени за поживо возење.

Автомобилот има спортска механичка основа од OPC верзијата и сопирачки со црвени клешти, додека помеѓу дополнителните функции се 18-инчни алуминиумски тркала со гуми 215/40 R18 со висок степен на прилепување.

Спортското искуство се пренесува и во ентериерот, каде што се достапни специјални спортски седишта Recaro.

Германските медиуми шпекулираат дека Corsa GSi биде околу 5.000 евра поевтина од варијанта OPC. За околу 20.000 евра, покрај спортските возни карактеристики, купувачот ќе добие визуелно поагресивен автомобил со три врати, поголеми отвори за воздух, куќиште на ретровизорите обложено со јаглеродни влакна, заден спојлер и спортски заден браник.