„Децата никогаш повеќе нема да бидат оставени во автомобил“: Volvo решение за неодговорните возачи / ВИДЕО
Со сензори над главата на возачот, во кровните светилки и багажникот, овој систем може да открие дури и милиметарско движење низ внатрешноста на автомобилот
Volvo најави дека нивниот нов SUV модел EX90 ќе биде опремен со радарска технологија која ќе детектира деца или домашни миленици оставени во автомобилот откако возачот ќе излезе од возилото.
Радарот е дизајниран да биде доволно прецизен и чувствителен за да ги открие дури и најситните движења – како движењата на заспаното дете. Тоа е првиот радар кој ја покрива целата внатрешност на автомобилот, вклучувајќи го и багажниот простот.
Со сензори над главата на возачот, во кровните светилки и багажникот, овој систем може да открие дури и милиметарско движење низ внатрешноста на автомобилот.
Лота Јакобсон, технички експерт за превенција од повреди, вели дека никој не избира да биде уморен или расеан, туку дека тоа може да му се случи на секого.
„За да се покрие што е можно поголем дел од кабината и да се почувствува дали детето или домашно милениче биле оставени во автомобилот, распоредивме радари низ кабината, вклучувајќи го и багажникот. Никој не избира да биде уморен или расеан, но сите сме луѓе и расеаноста е животен факт. Со помош на најсовремена технологија, ќе ве поддржиме кога не сте најдобро и ќе ви помогнеме да избегнете случајно да ги оставите членовите на семејството или домашните миленици“, вели Јакобсон.
Новиот внатрешен радарски систем прво ќе биде воведен како стандарден во Volvo EX90 кој ќе биде претставен на 9 ноември, а истиот систем ќе биде вклучен и во другите претстојни модели на Volvo.