Јужнокорејскиот производител ја откри новата седма генерација на Elantra

Моделот Elantra е многу важен за Hyundai затоа што има добра продажба на неколку големи пазари, а од 1990 година, кога беше лансирана првата генерација на Elantra, продадени се повеќе од 13,8 милиони единици, од кои 3,4 милиони единици само во САД.

Слободно може да се каже дека новата Elantra е најатрактивна досега. Новата силуета со малку помека линија на спуштање на покривот дава значително различен впечаток за овој модел. Сепак, некои остри линии во дизајнерска смисла не недостасуваат, така што новата генерација е чекор напред споредбено со сегашниот модел.

Во споредба со претходната генерација, новата е малку поголема. Долга е 4.650 mm (+30 mm), широкa 1.825 mm (+25) и високa 1,420 mm (-20). Предниот браник сега е пократок, за разлика од задниот кој сега е подолг. Меѓуоскиното растојание е 2.720 mm (+20 mm), а понудата на тркала се состои од три димензии – 15, 16 и 17 инчи.

Стандардно, Elantra ќе доаѓа со традиционална аналогна инструмент табла и еден екран на допир монтиран на врвот од централната конзола. Ако купувачот се определи за поскап пакет на опрема, тогаш пред возачот ќе има два дисплеи, едниот во улога на инструмент табла, додека другиот за инфо-забавниот систем.

Apple CarPlay и Android Auto ќе доаѓаат како стандардна опрема. Меѓу опциите е гласовна контрола на аудио системот, звучници од Bose, прилагодлив темпомат, дигитален клуч кој ви овозможува да го отклучите и стартувате автомобилот со вашиот паметен телефон…

Во Јужна Кореја, каде што овој автомобил се нарекува Avante, за почеток се најавени две моторни единици. Бензински 1.6-литарски мотор од 123 КС и верзија за употреба на гас како гориво која испорачува 120 КС. Во САД, основниот погон ќе биде 2.0-литарски атмосферски бензинец со 149 КС.

Најголемата новина е хибридната понуда за Elantra. Хибридниот погон е составен од еден електромотор и 1.6-литарски бензински мотор. Системот испорачува 139 КС и 264 Nm. Кај хибридната варијанта, моќта се пренесува само на предните тркала преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.

Батеријата кај хибридната Elantra има капацитет од 1,32 kWh, а Hyundai наведува дека просечната потрошувачка на овој модел е помалку од 4,7 литри бензин на 100 км во комбиниран циклус.

Новата генерација на Elantra ќе се појави оваа есен, првично во Јужна Кореја и САД, додека испораката во други земји ќе започне подоцна. Hyundai веќе објави дека со новата Elantra доаѓа и N-line верзија, а не треба да се исклучува можноста и за N перформанс верзија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1WrDOGr2sNBpc7kGkiSCkRCc6-q0gXSMN” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]