Третиот ден од првото предсезонско тестирање во Барселона донесе промени – најбрз на патеката беше Даниел Квјат со Toro Rosso

Зад него според времињата на патеката беа Кими Раиконен (Alfa Romeo) и Даниел Риккардо (Renault). Себастијан Фетел и Ferrari завршија дури четврти во крајното рангирање на денот. Причината за тоа беа гумите – Квјат возеше на најмеката компонента C5, Раиконен и Рикардо на C4, а Фетел на C3.

Кога ќе се погледне целиот ранкинг, изненадување секако е Mercedes, кој е при дното и тоа со двата возачи. Единствено побавен на патеката од нив беше Џорџ Расел со Williams, чиј болид конечно стигна во Барселона.

Според бројот на извозени кругови, повторно во врвот е Mercedes, како и вториот ден. Ferrari исто така повторно извозе многу кругови, а најмалку на патеката беше болидот на Williams, кој возеше само во попладневните часови.

Треба да се истакне дека тимот на Haas имаше многу проблеми со болидот и повеќе пати можеше да се види црвеното знаме поради нивни застанат болид на патеката.