Прашањето зошто британските возачи возат од левата страна на патот е веројатно едно од оние 30-тина прашања во животот на кои досега можеби и не сте пронашле одговор

 

Треба да се каже дека возењето од лева страна е спротивно на возењето во цела Европа, но не е „резервирано“ само за Велика Британија, туку тоа е правило во околу 15 други земји со англосаксонска традиција.

Некогаш, скоро сите патувале по левата страна, но тогаш начинот на превоз бил многу поразличен отколку денес, на четири нозе, наместо на четири тркала. За средновековните мечувалци на коњи, имало смисла да се држат лево, за десната рака да им биде поблиску до нивните противници.

Оние 10 до 15 проценти од левораките витези веројатно биле присилени на тоа. Склопувањето и расклопувањето на опремата и коњите на витезот исто така била полесна од левата страна на коњот и побезбедно покрај работ на патот отколку во центарот.

Всушност, се чини дека вистинското прашање е зошто луѓето се префрлиле на возење по десната страна од патот.

Работите се промениле кон крајот на 1700-тите, кога големите вагони, влечени од неколку пара коњи, биле користени за транспорт на земјоделски производи во Франција и САД.

Во отсуство на возачко место во кочијата, возачот седел на последниот лев коњ, со слободна десна рака и користел камшик за да ги придвижи коњите. Бидејќи седел на левата страна, сакал другите вагони да му проаѓаат од левата страна, па се држел до десната страна од патот.

Британската влада одбила да се откаже од утврдениот начин на возење и во 1773 година го вовела Општиот закон за патишта, кој го охрабрувал возењето по лева страна. Ова подоцна било потврдено во Законот за патишта од 1835 година.

Во меѓувреме Франција по револуцијата, под водство на нивниот леворак владетел Наполеон, прифатила трајна промена кон движење по десната страна на патот.

Кога Хенри Форд го претставил својот Model Т во 1908 година, возачкото седиште било лево, што значи дека автомобилите морале да возат по десната страна на патот, така што патниците кои патуваат напред и назад може да излезат од автомобилот на работ од патот.

Ова влијаело на промени во многу земји. Канада, Италија и Шпанија го смениле начинот на возење по десна страна во текот на 1920-тите, а поголемиот дел од Источна Европа го следел примерот во деценијата потоа.

Дури во 1967 година шведските возачи започнале да возат по десната страна.