Извршниот директор на Volkswagen, Томас Шефер, предупредува дека малиот градски автомобил ќе поскапи од 3.000 до 5.000 евра

Најавата дека како просечни граѓани ќе биде се потешко да си дозволат нов автомобил никогаш не била по жива. За жал, со стандардот Еуро 7 доаѓаат и посебни барања за производителите кои ќе треба да ги направат издувните гасови на своите возила почисти. Тоа значи инсталирање на нови технологии и зголемување на цените. Еуро 7 стартува на 1 јули 2025. Според Европската комисија, ќе ја зголеми цената на нов автомобил за 90 до 150 евра.

Тоа не звучи премногу, но извршниот директор на Volkswagen, Томас Шефер, предупредува дека реалноста е поинаква. Тој смета дека мал градски автомобил ќе биде поскап од 3.000 до 5.000 евра, што би ја подигнало цената на повеќето возила како Polo на ниво над 20.000 евра за почетните модели. Шефот на компанијата изјави дека производителите на автомобили, исто така, ќе мора да се усогласат со построги безбедносни прописи кои ќе бараат инсталирање на скапа технологија. Тој вели дека се потребни неколку недели за инженерите да сфатат дали вреди да се инвестира во мали автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Ако не е профитабилен за Volkswagen, под знак прашалник е и иднината на Polo.