Суровата нафта има многу големи молекули и кога ќе се разложат на помали молекули, волуменот се зголемува. Финалните производи заземаат повеќе простор од суровата нафта која влегува во процесот на обработка

Во последно време многумина, па и ние, нервозно ги следат цените на нафтата и на секој скок на цената на барелот реагираат со неверување прашувајќи како тоа ќе се одрази на семејниот буџет. По големиот скок цените паднаа, сега благо се зголемуваат (на околу 105 долари за барел), но тоа е далеку од најмрачните предвидувања за 180 долари за барел.

Прашањето е дали знаете што значи барел нафта? Тоа е мерка е за буре кое содржи 159 литри од таканареченото црно злато. Дали знаете колку производ добивате од тоа едно буре? Тоа варира, но генерално од 159 литри масло се добиваат вкупно 170 литри разни производи.

Суровата нафта има многу големи молекули и кога ќе се разложат на помали молекули, волуменот се зголемува. Финалните производи заземаат повеќе простор од суровата нафта која влегува во процесот на рафинирање.

Од овие 170 литри производи, 73 литри се бензин, дизелот сочинува околу 40 литри, керозинот 15,5 литри, а остатокот е течен нафтен гас, асфалт, петрохемиски и други масла, кокс, бутан… Најголем дел од производите се користат. во различни индустрии, па така преработките од нафта може да се најдат во гуми, козметика, играчки, сапун, леќи…