Дали знаете како правилно да ги складирате автомобилските гуми?
Повеќето гуми барем некое време остануваат складирани, па затоа треба и правилно да бидат згрижени кога не се поставени на возилото
Со правилно складирање на гумите, истите не ги губат своите карактеристики, па нивниот животен век ќе биде подолг. Експертите од Goodyear подготвиле неколку корисни совети кои ќе ви помогнат како правилно да ги чувате вашите гуми.
Кога летните гуми ги менувате со зимски или обратно, најважно е прегледно да ја обележите нивната позиција на автомобилот. При следната промена, ќе знаете точно каде секоја од нив треба да биде монтирана, левите на левата страна, десните на десната страна. При повторна монтажа на вулканизер, предната гума треба се монтира на задниот дел, а задната напред, соодветно на двете страни. На овој начин, гумите рамномерно ќе се абат.
Пред да ги складирате гумите, исчистете ги од нечистотија и отстранете ги камчињата и слично во жлебовите кои можат да ги оштетат или да влијаат на обликот на површината која гази.
Гумите се чуваат во темна, сува и ладна просторија (не, на пример, во котларница за греењето), бидејќи изложеност на светлина, особено УВ зраци, предизвикува оштетување. Уште нешто што им штети е допир со масла, мазива, лакови и горива.
Пневматици со фелни
Ако гумите се складираат со фелни, пред складирање намалете го притисокот на воздухот во нив, но не и целосно.
Ваквите гуми не ги оставахте во исправена положба, туку закачете ги на носачи за периодот на складирање го поминат без оптеретување.
Ако немате можност да ги закачите, тогаш поставете ги една преку друга, но така што вкупната висина да не е поголема од 1,5 метат. Добро е еднаш месечно да ги прередите за да се менува онаа која е на дното.
Пневматици без фелни
Овие гумите треба да се складираат во исправена положба, онака како што се ги извадиле, оставајќи простор помеѓу нив.
Се препорачува да ги вртите на секои четири недели, за гумата да не се деформира.