Третата генерација на моделот 308 пристигнува во 2021 година

Втората генерација на Peugeot 308 се произведува повеќе од седум години, а беше прогласена и за европски автомобил на годината за 2014 година. Францускиот производител веќе се подготвува за нова генерација на својот компактен хечбек кој ќе го наследи сегашниот модел.

Нормално, дизајнот на автомобилот се очекува да биде во согласност што веќе го видовме на модели како новите 208 и 2008.

Така, земајќи го тоа во предвид, независниот дизајнер Никита Чујко, кој своите дела ги објавува на веб-страницата kolesa.ru, се обидел да замисли како ќе изгледа на третата генерација на Peugeot 308.

Колку бил успешен, ќе покаже времето, со оглед на тоа што премиерата на новиот 308 е закажана за следната година.