Кон крајот на минатата недела на Интернет се појавија првите шпионски фотографии од следната генерација на популарниот хеџбек на Opel, благодарение на што стана јасно дека новиот модел значително ќе го смени својот изглед во споредба со она на што сме навикнати кога станува збор за Astra

Пред нас е визијата за новината во режија на рускиот сајт Kolesa.

Сегашната петта генерација на Astra (со индекс К) беше претставена во 2015 година, а по четири години автомобилот беше рестилизиран. Сега, кога се појавија слики од тестирањата, сосема е јасно дека новиетот практично нема никаква врска со сегашниот модел, иако е покриен со фолија за камуфлажа.

Тоа што е сигурно е дека новиот модел ќе го следи новиот стил на компанијата, пред се претставен на новиот компактен кросовер Mokka. 

Новата Astra според пропорциите ќе биде многу слична на хеџбекот Peugeot 308, чија премиера се случи влера. И ова не изненадува, бидејќи е сигурно дека тие ќе бидат изградени на истата платформа наречена EMP2, која исто така се користи, на пример, кај кросоверите Citroen C5 Aircross, Peugeot 3008 и Opel Grandland X. Нема потврдени информации за опсегот на планираните погонски единици, но по аналогија може да се претпостави дека ќе се преклопува со горенаведените модели.

Премиерата на новата Opel Astra би можела да се случи во одреден момент во текот на оваа година, а најрано на почетокот на следната, кога е веројатен и почетокот на продажбата.