Дали Tesla Model X може да ја победи Fiat Pandа Cross со 85 КС во теренско натпреварување? / ВИДЕО
Токму непретенциозната природа на Fiat, малиот мотор и димензии, се можеби неговата најголема предност
Model Х на Tesla е опремен со некои од најмодерните технологии на денешницата, но дали тоа и значи нешто на земјата и чакалот? Тимот од CarWow го проверил ова споредувајќи го Model X со чуден ривал – Fiat Pandа Cross.
Fiat Panda Cross произведува само 85 КС (62 kW), и всушност би било тешко да се најде послаб модерен 4х4 „теренец“ за да се натпреварува со Модел Х. Сепак, непретенциозноста на Fiat е можеби неговата најголема предност, имајќи предвид дека малиот мотор и димензиите не се премногу тешки. Моделот X тежи 2.533 килограми, додека Fiat е повеќе од половина полесен – тежи само 1.165 килограми.
Со други зборови, иако малиот мотор на Fiat произведува многу помала моќност од Tesla, на Panda Cross не i треба толку многу моќ за да се искачи на рид. Иако Tesla е добар за превоз на луѓе на пат, малата големина и краткиот круг на вртење ја прават Panda подеднакво upravliva во кал и во град со тесни улици.
Очекувано, моделот на Fiat се покажал многу добро, пробивајќи и минувајќи низ калливи предизвици. Се на се, Panda Cross се покажала како привлечно теренско возило за овој предизвик. Затоа, иако Tesla има значително поголема предност на патот, двата автомобили се достојни противници во кал, што веројатно не сте ни го помислиле на почетокот.