Bugatti сериозно се впушта во продажба на производи кои немаат врска со автомобилите

Покрај тоа што минатата година лансираше ограничена серија од 30 луксузни маси за билијард (?!), Bugatti има и своја линија на шампањ.

Шампањот се произведува во соработка со францускиот производител Champagne Carbon, а се нудат неколку „модели“ по доста поволни цени. Во 2019 година, по повод 110 години Bugatti, беше претставен шампањот наречен Bugatti EB.01 Edition, а EB.02 Chiron 300+ е создаден по повод претставувањето на најбрзиот Bugatti на сите времиња. Тука е и малку поскромното издание Bugatti Carbon Cuvée Luminous.

Сега на производната линија се приклучува и EB.03 Bolideво шише покриено со јаглеродни влакна. На шишето шампањ, кое е посветено на моделот Bolide, има дизајнерски елементи на автомобилот, неговото име и силуети на неговите светла во форма на буквата X.

Содржината на шишето нема многу врска со Bugatti. Внатре се наоѓа шампањ Blanc de Blancs од 2013 година. Шампањот се опишува како интензивен и свеж со добра киселост и голем потенцијал за добро стареење. Доминантни ароми се цитрусните и пролетните цветови.

Едно шише од новиот шампањ на Bugatti чини околу 350 евра, што го прави EB.03 Bolide најскапиот шампањ на Bugatti.