Дали Porsche Taycan ќе може да се справи со Tesla S? / ВИДЕО
Прашање кое си го поставуваат автомобилските познавачи и ентузијасти
Американскиот модел на пазарот е присутен од 2012 година. До сега тој немаше достоен противник, освен донекаде Model 3, кој е од истата марка. Неодамна, Motor Trend моделот Model S го прогласи за најкомплетен автомобил на годината на сите времиња.
Многумина ќе кажат дека моделите на Tesla досега немале вистински ривали. На пример, Chevrolet Bolt има солидна автономија и добра цена, но не се продава онака како што посакува Chevrolet. Во исто време, автомобилот не е ниту луксузен ниту премиум.
Дури и најновите членови на овој сегмент, заедно со оние кои допрва треба да влезат во него, реално не можат да се споредат со производителот од Силиконската долина, ниту во автономија, ниту во перформанси, ниту со технологија…
Jaguar I-Pace и Audi e-tron, и покрај лобирањето и собирањето на титули за автомобили во годината, не успеа да се приближат до Tesla. Точно е дека станува збор за премиум електрични модели кои нудат многу, но и покрај позитивните критики, тие му гледаат во грб на производителот од Калифорнија.
И покрај разочарувањето кај многумина кое го донесе Audi e-tron, особено во однос на автономијата, групацијата Volkswagen има нов адут. Секако, станува збор за Porsche Taycan. Дали електричниот спортист од Цуфенхаузен ќе успее да го смени амбионтот и да се позиционира како валиден конкурент на Tesla?
Во прилог една интересна видео анализа.