
Дали новиот Sportage ќе биде најатрактивниот SUV на пазарот?
Ако мислевте дека нема да видите пооригинален SUV модел од Tucson, не сте во право.
Hyundai Tucson пристигна и веќе предизвика многу полемики, но наскоро ќе пристигне уште еден адут од истата адреса. Го подготвува Kia, а првите индикации се дека ќе биде исклучително привлечен. Рускиoт „Kolesa.ru“ објави рендери засновани на досегашниот шпионски фотографии, како и најави од извори блиски до корејската марка.
Ако се суди според рендерот, моделот изгледа навистина привлечно. Дали навистина така ќе изгледа и верзијата за сериско производство е прашање без одговор, барем за сега, но факт е дека Sportage може да направи вистински „хаос“ на пазарот веднаш по премиерата. Премиерата е закажана за во април, а Kia со него делумно ќе зачекори и во премиум сегментот. Имено, токму тоа е она што беше најавено пред неколку години кога се дозна дека овој бренд во компанијата ќе има полуксузна улога.
Технолошки сличен на Tucson, моделот ќе има свој дизајн предводен со уште поатрактивни светлосни групи. Позади, моделот за 2021 година ќе биде посличен со сегашниот модел, но со осветлена врска помеѓу светлата и истакнатото ново лого.
Со познатата палета на бензини се очекуваат и хибриди, а малку подоцна веројатно и електрична верзија. Сè на сè, уште една интересна вест од Kia.