Застапниците сигурно нема да подарат, а работите се малку покомплицирани од тоа. Ова се тајните кои автосалоните нема да ви ги откријат …

Ако некогаш сте поминале покрај салон за автомобили и сте виделе низи од нови автомобили, веројатно сте се запрашале што се случува со оние што никогаш нема да се продадат. Каде одат сите кога ќе дојде време да се направи простор за најновите модели? Застапниците сигурно нема да ги продадат. Работите се малку покомплицирани од тоа.

Автомобилските куќи се франшизи. Тоа значи купување на нови автомобили од производителите и нивно продавање по повисока цена за да се оствари профит. Затоа, откако застапништвото ќе ги купи овие автомобили, тие им припаѓаат на нив. Не можат туку така непродаденото да го испратат назад кај производителот на крајот на годината. За да заработат пари, тие треба да привлечат клиенти за да ги купат. Е тука се тајните кои автосалоните нема да ви ги откријат …

Преместување на друг пазар

Постојат неколку опции за застапништво кога нивните автомобили не се продаваат. Тие можат непродадените автомобили да ги испратат на друг пазар каде што одреден модел може да биде баран. На пример, поголем дилер на Toyota, пикапот на Toyota може да го размени со мало градско застапништво на Toyota на кое му треба.

Ги продаваат на аукции

Автомобилите можат да се продаваат и на јавни аукции. Притоа, дел од цената оди кај аукциската куќа, што значи дека застапништвото губи многу пари. Друга опција е овие автомобили да се користат како замена кога луѓето ги носат своите на сервис.

Намалување на цената

Конечната опција е намалување на цените. На крајот на моделната година, производителите на автомобили и дилерите сакаат да се ослободат од „инвентарот“ со цел постарите автомобили да не „се натпреваруваат“ со поновите модели.

Совет

купувањето автомобил наесен е можеби најисплатливо, бидејќи тогаш застапниците отвораат простор за единици од новата моделна година, а пониски цени за постоечките. Понекогаш и многу, ако следната година пристигнува сосема нова генерација од одредениот модел.