Наскоро, 75% од светската популација ќе живее во градовите

SUV моделите се претпочитан избор на купувачите низ целиот свет веќе подолго време. До пред 20 години, автомобилите со теренски карактеристики беа фаворити на фармерите и ловците, но потоа, оваа мода, стигна и на стандардните патишта и од тогаш популарноста постојано расте.

Интересно но врвот на популарноста на SUV моделите сеуште не е достигнат, особено во однос на премиум сегментот – во следните неколку години таму има импресивен раст.

Во исто време, производителите на автомобили произведуваат нови и нови SUV модели, а нивните маркетинг директори мислат дека сѐ уште постојат пазари каде што може да се пласираат нови SUV модели.

Автомобилската индустрија и дизајнерите кои работат во неа, како и некои аналитичари сé уште не можат да дадат конкретен одговор за тоа каде ќе насочат вкусовите на купувачите кога ќе помине манијата по SUV моделите. Всушност, тешко дека некој во моментов ќе се обиде да предвиди сериозна промена која би го променила лицето на целата индустрија.

Прашање е што ќе се случи со оние пазарни сегменти, кои беа најдиректно погодени од растот на SUV сегментот. Некои од нив до неодамна беа прилично важни. А тука се повеќе од познати модели. На пример, Renault веќе го повлече Twingo од некои пазари, додека други никогаш и не го доживеале овој модел. Geely се стекна со 50% удел во Smart за да ја преземе „штафетата“ од Mercedes и да профитира – нешто што Германците не можеа да го направат досега.

На авто салонот во Њујорк, луксузниот бренд на Hyundai, Genesis, го претстави концептот Mint, дефиниран како „мал автомобил од Големото јаболко“. Автомобилот изгледа одлично, но дали ќе влезе на производство? Genesis нема одговор на ова прашање, но потоа објаснија дека „премиумот нема никаква големина“, а компанијата нема навика да создава концепциски модели само за забава.

Полека но сигурно се движиме до времето кога 75% од светското население ќе живее во поголеми или помали градови. Ова ќе значи се повеќе и повеќе ограничени области за автомобилите, кои пак ќе бидат предмет на се повеќе строги нивоа на емисии, што значи дека малите електрични автомобили како Mint може да добијат сериозна шанси за процут.

Веќе следната година Honda ќе претстави таков модел – сериска верзија на Е Concept. Но, тука повеќе станува збор за испитување на теренот, бидејќи симпатичниот мал модел ќе биде скап – најмалку 35.000 евра и ќе биде произведен во ограничена серија, но со многу иновативни технологии и богата опрема.

Денес, автомобилската индустрија се прилагодува побрзо од било кога. И би било интересно дали сега ќе видиме ново читање на рецептот на Сер Алек Исигонис од 1959 година, исполнет со оригиналниот Mini, но во верзија адаптирана на модерни услови.