Електричниот опсег е 400 километри (550 километри во град), а понудата наскоро ќе биде „засилена“ и со турбо бензински мотор

На тековниот Салон за автомобили во Париз, Jeep го претстави својот прв целосно електричен модел – Avenger.

Моделот Avenger е базиран на платформата eCMP, исто како и Peugeot e-2008, Opel Mokka-e и Citroen DS3 E-Tense, а благодарение на должината од само четири метри (пократок од Renegade), неговите димензии претставуваат билет во светот на Jeep.

Новитетот на Jeep го придвижува електромотор со 154 КС и 260 Nm, а со капацитет на батеријата од 54 kWh, досегот е 400 километри. Според WLTP, опсегот во град, каде што електричните возила се најефикасни, може да биде и до 550 километри.

Со помош на брз полнач (100 kW), батеријата може да се наполни од 20 до 80 проценти за 24 минути, а кога е поврзана на обичен ѕиден полнач (11 kW), целосното полнење трае пет и пол часа. Батеријата се наоѓа под седиштето, а тестирана е повеќе од два милиони километри.

Avenger е достапен исклучиво со погон на предните тркала, а според најавите на Jeep, понудата наскоро ќе биде збогатена и со турбо бензински мотор, најверојатно 1,2-литарски PureTech.

На претставувањето во Париз, директорите на Jeep изјавија дека имаат големи очекувања од Avenger, кој според нив ќе стане најпродаваниот модел на марката до 2024 година.

Jeep Avenger ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Полска. Во продажба ќе се појави на почетокот од следната година, а на некои европски пазари веќе се започнати преднарачки.