Дали Hyundai ја прекинува соработката со Rimac? Еве што велат од компанијата
Hyundai става крај на работата со Rimac Group, пишува Automotive News Europe. Соработката, наводно, завршила откако Римац ги продлабочил врските со Porsche
Hyundai и Kia инвестираа 80 милиони евра во електричниот стартап во 2019 година за да преземат 12% од акциите во компанијата. Потоа, Hyundai најави електричен спортски автомобил за под-брендот N Performance на Hyundai и спортски автомобил со горивни ќелии.
Како што наведува извор на Automotive News Europe, односите меѓу Rimac Group и Hyundai се влошиле откако Rimac ги продлабочил врските со Porsche, но не е познато дали Hyundai ќе го продаде својот удел во Rimac.
Претходно, Rimac Group стана мнозински акционер во Bugatti (55%), додека Porsche ги поседува преостанатите 45%.
„Hyundai ќе го заврши проектот наречен електричен спортски автомобили започнат во соработка со Rimac“, вели еден извор, а очекуваниот датум на лансирање на возилото е почетокот на 2023 година. Заедничката работа на проектот спортски автомобил со горивни ќелии, нема да продолжи.
„Во тек се два активни проекти на високо ниво со Hyundai, еден е завршен и се разговара за неколку идни проекти“, вели од друга страна портпаролката на Rimac.
Компанијата не соопштува дали проектот за електричен спортски автомобили е тој што е завршен.
„Hyundai обезбеди поддршка во трансформацијата на компанијата во изминатите 12 месеци – вклучително одвојувањето на Rimac Technology и здружувањето на силите со Bugatti под новата компанија Bugatti Rimac“, заклучува портпаролката на Rimac.