![Дали го продаваш автомобилот или жената?! Огласот на еден Србин хит на интернет!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/10/3104123_profimedia0351134374_ff.jpg)
Дали го продаваш автомобилот или жената?! Огласот на еден Србин хит на интернет!
На една веб страница за продажба на автомобили се појавил интересен оглас кој насмеа многумина. Имено, господинот решил да го продаде својот автомобил и се е тоа во ред, додекане се прочита целиот текст на неговиот оглас
Огласот во целост:
„Автомобил во топ состојба, без скриени мани. Ентериерот е како нов, 2 комплети бандажи со гуми, гаражиран, редовно сервисиран, во него и ставано само MaxMotion, фабрички затемнет со BOSE музика. Го продавам само затоа што жена ми вградила гради и уста и ми кажа дека повеќе не сака да вози шалтач, туку само автоматик и дека и брмчи од ауспухот. Автомобилот може да го погледнете во работни денови, преку викенд сум на риболов… тогаш може да ја погледнете жена ми. Благодарам“.
Луѓето масовно го споделиле овој оглас на социјалните мрежи (и сеуште го споделуваат), многумина имаа духовити коментари, но има и такви кои на шега прашуваат кого всушност продава, жената или автомобилот.
Има и такви кои велат дека ова е само маркетиншки трик на еден мудар продавач бидејќи огласот ќе се споделува насекаде, но вистината веројатно е некаде на средина.