Дали електричните камионети имаат иднина? / ВИДЕО
Електричните автомобили земаат замав, а сè почесто овој тип на погон се става и во класи каде што неговата косриснот и не звучи логично
Пред се тоа се однесува на камионетите, лесните и средни комерцијални возила, каде што клучна е употребливоста на возилото.
Ова го покренува прашањето за логичноста на електричниот мотор во нив со оглед дека сегашната технологија не обезбедува доволно автономија во споредба со дизел моторите, а овие возила и често се користат во помалку урбани средини каде што пристапот до полначите е ограничен.
Откако многу внимание привлече премиерата на целосно електричниот камионет Rivian R1T, а наскоро се очекува и пикапот на Тесла, тимот на YouTube каналот Fast Lane Truck се обидува да направи анализа дали истите имаат иднина.
Во предвид се земени модели како Atlis XT, Rivian R1T, Workhorse W-15, Tesla pickup, Bollinger B1, Ford F-150 EV.