Фосилните горива сè сеуште најпопуларен начин за придвижување на автомобилите, авионите, бродовите… но исто така и извор на супстанци за производство на цел спектар на производи што ги користиме во секојдневниот живот

Сега, научници од Универзитетот во Торонто откриле нов начин за добивање на гориво во иднината – од воздух. Тие развиле нов електрохемиски пат за трансформирање на јаглерод диоксидот (СО2) во основна супстанца од која е можно да се произведуваат производи како гориво за авиони или пластика.

Лидерот на истражувачкиот тим, Тед Серген, вели дека технички гледано веќе е можно извлекување на CO2 од воздухот, но овој процес е многу комплициран и бара многу енергија.

Канадскиот тим сфатил дека е можно да се искористи електролизата, која се користи за производство на водород од вода, за производство на растопен јаглерод во СО2.

Нивниот електролизатор содржи катализатор базиран на сребро кој СО2 го претвора во мешавина на гас наречен синтетички гас, а кој може да се користи во производството на низа различни производи.

Научниците предупредуваат дека е потребно многу работа и истражување за целиот процес да може да се користи во индустријата, но дека тие покажале дека е можно.

Она што е најважно е дека оваа технологија ќе реши два големи проблеми – скапи горива и емисии на CO2 во атмосферата.