Видео кое секако ќе ви го подигне расположението

HumorAndAnimals, популарен канал на Twitter, објави видео со „најдобриот сензор за паркирање кој можете да го имате“. Станува збор за клип во траење од осум секунди, во кој главниот лик е златен ретривер, кој му асистира на својот двоножен пријател при паркирање. Секако, видеото стана вирално за само два дена, со над 2,7 милиони прегледи.

Со ваков верен пријател, кому му треба технологија?