Дали е ова конечниот изглед на BMW iNext?
BMW инвестира огромни средства во електрични возила, со уште поголеми планови за следните неколку години
Моделот кој се очекува да биде на тронот во овој сегмент е iNext, чиј претходник беше претставен во форма на концепт наречен Vision iNext, претставен на автосалонот во Лос Анџелес. Како и да е, серискиот модел ќе биде со значително „поблаг“ дизајн во споредба со студијата.
Приложените рендери се дело на Магнус С. Матулат и изгледаат многу реални, многу блиску до она што можеме да очекуваме кога станува збор за серискиот модел.
BMW iNext ветува, и за разлика од претходните модели BMW i, тој ќе биде повеќе „мејнстрим“, иако ќе има неколку уникатни детали за дизајнот.
Она што може да се забележи од фотографиите се големите странични стаклени површини и многу тенкиот столб Б, кој треба да придонесе за поголем квалитет и повоздушен амбиент во внатрешноста на кабината.
INext се очекува да биде достапен со погон на сите тркала, за разлика од iX3 и i4, кои имаат погон само на задните тркала.
Што се однесува до автономијата, Баварците велат дека треба да биде над 560 километри, што ќе го стави iNext рамо до рамо со моделот Tesla Model X. Друга област во кој е „тешкаште“ е цената. BMW нема објавено ценовник за iNext (кој официјално би можел да се нарече i6), но се очекува да чини околу 100.000 евра.