Дали е доволно автоматикот да го ставите во положба P или е потребно да ја активирате и рачната сопирачка?
Особено ако сте нагорнина или надолнина, треба да ја притиснете и рачната сопирачка
Возачите на автомобили со автоматски менувачи по престанокт со возење го враќаат менувачот во позиција P, а потоа го исклучуваат возилото. Дали е тоа доволно?
Не е, особено ако сте на нагорнина или надолнина. Треба да ја активирате и рачната сопирачка.
Позицијата P овозможува клинот за заклучување механички да се вклучи во запчаникот на менувачот, така што возилото го држат погонските тркала. Но, тој може да попушти под товар, како во случај на автомобил паркиран на надолнина.
Ако сте на надолнина, додека ја држите ногата на сопирачката, префрлете го менувачот во положба N, а потоа повлечете ја сопирачката за паркирање. Кај електричните сопирачки за паркирање обично се слуша затегнувачки звук. Отпуштете ја ногата од сопирачката и притиснете повторно – така целата тежина на возилото ќе биде на паркирната сопирачка. Потоа префрлете го менувачот во позиција P и исклучете го возилото.
Како и да е, без оглед на конфигурацијата на паркинг просторот, повлечете ја сопирачката за паркирање. Не ве чини ништо…