Дали батериите од далечинско може да го заменат акумулаторот при палење на моторот?!
Кога станува збор за Лада, сè е можно
Под претпоставка дека генерира доволно јака струја, секој тип на батерија е компатибилен. Кога станува збор за стандардните АА батерии, најчесто употребувани за далечински управувачи, светилки, играчки…, секако ви требаат повеќе од нив. Рускиот јутубер, познат по многу обработки на Lada и доста неконвенционални решенија, се одлучил лично да ја испроба оваа идеја. И бидејќи станува збор за Garage54, резултатот е ефтин и впечатлив.
Тој направил сандак и од секоја страна ставил бакарни плочи за да генерира полови. Помеѓу нив поставил ни повеќе ни помалку, туку 1.000 батерии. И, се разбира, успеал да го запали моторот. Ако не верувате, погледнете го видеото во прилог.