Daimler купува батерии во вредност од 20 милијарди евра
Германскиот гигант Daimler потврди дека до 2030 година ќе купи батерии во вредност од околу 20 милијарди евра
Најголемите светски производители, вклучувајќи го и Daimler, се целосно фокусирани на производството на хибридни и електрични возила.
Главниот бренд на Daimler, Mercedes-Benz, планира 130 електрични и хибридни модели до 2022 година, заедно со електрични ванови, автобуси и камиони.
Daimler не потврди од која компанија ќе ги купи батериите.
Потсетување дека германската компанија поседува свое сопствено производство во Каменц, но поради големите потреби, купува и од разни добавувачи, како што се LG Chema и SK Inovation од Јужна Кореја.