Dacia објави официјални фотографии од новата генерација на Sandero и Logan / ФОТО
Иако се веруваше дека денес ќе се одржи комплетна презентација на новата генерација на модели на од семејтвото Sandero и Logan, тоа не се случи. Dacia официјално постираше само фотографии од Sandero, Sandero Stepway и Logan моделите, а за повеќе информации ќе треба да почекаме до 29. септември
Пред нас се моделите од трета генерација и се еволуција на се она што Dacia го нудеше на пазарот. А со оглед дека тоа е спешно, во Dacia се решиле да го задржат испробаниот рецепт: едноставност и ниска цена. Многу е направено во областа на дизајнот, па новиот Sandero изгледа многу помодерно од неговиот претходник.
Напред се воочливи новите светлосни групи, новата маска на ладилникот, нешто поатрактивна и подолга хауба… се во чекор со актуелните трендови. Странично, би рекле громен чекор напред, бидејќи станува збор за пофлуидни и позаоблени линии, со многу поимпресивен став. Ветробранското стакло сега е под поостар агол отколку кај актуелната генерација. Нови се и светлосните групи на задниот дел, како и одбојникот кој е нешто повисоко поставен. Сè на сè, едно е сигурно, новиот Sandero направи „чекори од седум милји“ во поглед на дизајнот.
Dacia го покажа и Sandero Stepway, кој е многу популарен на Стариот континент, бидејќи успешно „флертува“ со SUV / Crossover сегментот и кој сега ако се спореди со стандардниот модел има повеќе разлики.
Што се однесува до Logan, информациите се уште по сиромашни. Единствено што се знае и е потврдено од Романците е дека идниот Logan ќе биде подолг од неговиот претходник и дека ќе има повеќе простор во кабината, но и значително поголемо багажник во споредба со сегашниот модел.
Повеќе информации за овие модели на романската марка ќе дознаеме на 29 септември, кога ќе се одржи официјалното претставување на новата генерација на Sanderoи Logan.