Logan повеќе не се нуди ниту во Шпанија…

Со лансирањето на новата генерација на Logan / Sanderо, романската марка најави дека седанот нема да оди по патот на најразвиените европски пазари. Причината е прилично едноставна, во овие земји долго време нема побарувачка за лимузини во Б, ниту во Ц сегментот..

Сепак, новиот Logan успеа да најде пат до Западна Европа, поточно до Шпанија. Но, сега пристигнуваат информации дека Dacia ја прекинала продажбата на тој модел на Пиринејскиот Полуостров поради недостиг на интерес од потрошувачите.

Така, Logan својата кариера ќе ја продолжи во централниот и источниот дел на Стариот континент, каде се уште има клиентела за еден субкомпактна берлина. Во меѓувреме, неговиот брат Sandero профитира на сите пазари во Европа, бидејќи покрај хечбек изданието има и кросовер, односно Stepway верзија.

Доказ дека жителите на побогатите европски земји повеќе не ги интересираат лимузините во сегментот Б и Ц, покрај отсуството на Logan, е и исчезнувањето на Fiat Tipo во седан варијанта. И овој модел исчезна од неколку пазари во западниот дел на нашиот континент.