Да за Peugeot 308 SW, да за е-308, не за GTI
Како ќе изгледа новата верзија на Peugeot 308 SW, генерално знаеме. Но се знае и како нема да изгледа спортската верзија
Спортската верзија на 308 нема да изгледа воопшто, бидејќи нема ни да ја има. Hyundai го има i30N, Volkswagen веќе го нуди Golf R, но Peugeot не планира да произведува било какви моќни верзии на 308-та. Жером Мичерон, менаџер на производи во Peugeot вели дека барањата за пониски стандарди за издувни гасови го срушиле сегментот. Тоа значи дека можеме да заборавиме на верзија Peugeot 308 Sport Engineered, која се чини дека останува препознатлива само кај моделот 508.
Во интервју за Autocar, Жером Мичерон потврдува дека Peugeot е насочен кон премиум сегментот, што веќе може да се види по цените на моделот 508 и дека сака да им понуди на клиентите најширок можен избор на мотори. Затоа и гамата за 308, покрај веќе претставените бензински и дизел верзии, како и plug-in хибрид, ќе се прошири и со „благи“ хибриди и електрична варијанта, како што е случајот со моделот Traveler. И многу е веројатно дека станува збор за електрично решение токму онакво како во ванот – електромотор со моќност од 136 КС, батерија со капацитет од 50 kWh и автономија со едно полнење од приближно 250 километри. Во крајна линија, e-Traveler е изграден на истата платформа – EMP2.
За оние кои не се задоволни со ваквите перформанси, Французите подготвуваат уште една електрична верзија на 308.
Станува збор за eVMP платформа која ќе се користи за изградба на електричен 308 во тело на SUV купе. За повеќе детали сепак ќе треба да почекаме до 2023 година, кога автомобилот треба да се појави на пазарот.
Nouvelle #Peugeot 308 : une variante SUV face au #Renault Arkana
> https://t.co/pL2Bcjahkt @Peugeot @PeugeotFR @StellantisFR @Stellantis pic.twitter.com/qglRDt5lNT
— Julien JODRY (@JJODRY) March 21, 2021
Она што претходно ќе го видиме е 308 SW или караван верзија која често ја бираат флотни купувачи. Во секој случај, со оглед на тоа дека 308 ќе биде близнак на Opel Astra, тешко е да се замисли производителот да ги ограничува разликите помеѓу двата каравана на само разновидност во форма на логото на Opel на хаубата. Според kolesa.ru, 308 SW може да изгледа вака:
Веројатно новиот караван, како во случајот со сегашната генерација, ќе има подолго меѓуоскино растојание, што би се претворило во дополнителен простор во багажникот и во делот на задните седишта. Но, за тоа ќе се знае повеќе по официјалната премиера која ќе се одржи оваа година.