
„Да не биде покусо“: Роналдо си купи Ferrari како она на Златан Ибрахимовиќ
Асот на Јувентус ја збогати својата автомобилска колекција со суперавтомобилот Monza SP1
Нема детали за тоа колку точно платил Кристијано за неговиот автомобил, но почетната цена за моделот е 1.600.000 евра. Monza SP1 е изработен во ограничена серија од 499 автомобили и може да се купи само со специјална покана од Ferrari. Фудбалерот ќе го добие својот автомобил по неколку месеци.
Роналдо ја посети базата во Маранело во друштво на шефот на Ferrari, Џон Елкан и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Роналдо воедно остварил средба и со возачите на F1 тимот на Ferrari, Карлос Саинц и Чарлс Леклер.
Monza SP1 е создаден во чест на неколку митски модели на Ferrari веднаш по Втората светска војна, како што се 166 MM од 1948 година, 750 Monza и 860 Monza.