Cyberquad: Нов електрoмобил од Tesla / ВИДЕО
Американскиот производител на електрични автомобили Tesla додаде нов производ во своето портфолио, но овој пат не се работи за автомобил, туку за детски електричен квад
Како што сугерира името Cyberquad, неговиот дизајн е инспириран од стилот на Cybertruck. Со челична рамка, меко седиште и прилагодлива суспензија, ова ATV возило е опремено и со задни диск сопирачки и LED светлосни модули.
Со цена од 1.900 долари, Cyberquad нуди слободен домет до 15 милји (околу 24 километри), а максималната брзина може да се ограничи на 16 km/h. Полнењето на целосно испразнета батерија трае до 5 часа.
Cyberquad е дизајниран за деца од најмалку 8 години, но може да издржи и повозрасни ентузијасти со тежина до 68 килограми.