По неколку тизери, шпанскиот производител објави фотографии и технички детали за концептот со електричен погон и високи перформанси

Концептот Cupra Tavascan EV ја користи механичката платформа MEB за електрични автомобили на VW Групата, а погонот доаѓа од три електрични мотори со вкупна комбинирана моќност од 306 КС (225 kW). Две електрични единици ги придвижуваат предните, а третиот задните тркала на возилото, кое стигнуваат до 100 km/h за само 6,5 секунди.

Електричната енергија се складира во литиум-јонските батерии од 77 kWh  во подот на концептот, при што производителот тврди дека максималата автономија на автомобилот е 450 км, според мерниот циклус WLTP.

Cupra Tavascan има агресивен и донекаде футуристички дизајн, што е вообичаено кај концептните возила. Концептот е поставен на големи, 22-инчни алуминиумски тркала, со рачки на вратите кои се вовлекуваат во надворешните панели на вратите, додека надворешните ретровизори се помали отколку кај моделите во производство, што секако го прави автомобилот да изгледа поелегантен и попривлечен.

Особено привлечни се LED светилките кои се поврзани со тенка LED лента.

Ентериерот е дизајниран за 4 возрасни, а наместо класичната задна клупа, поставени се две одделни седишта, како и  седиштата на возачот и сопатникот.

Кокпитот е целосно дигитализиран според тековните трендови и се состои од два големи екрани – инструмент табла (12,3 инчи во дијагонала) и мултимедијалниот (13 инчи).

Како што диктира повеќедецениската традиција на Seat, овој концепт го носи името на еден шпански географски термин – селото Таваскан, кое се наоѓа во близина на границата со Франција.

Концептот Cupra Tavascan EV својата светска премиера ќе ја има следната недела на Салонот за автомобили во Франкфурт.

Loading...