Cupra станува под-бренд на Seat со ново лого / ВИДЕО
Првиот модел кој на каросеријата ќе го носи само знакот на Cupra, ќе биде претставен на салонот за автомобили во Женева во почетокот на месец март
Seat објави дека во иднина своите високо-перформантни модели ќе ги продава под логото на Cupra, кое официјално ќе биде претставено на церемонија на 22 февруари.
Првите автомобили со лого на Cupra ќе имаат премиера на 88-тото меѓународно шоу во Женева, кое се одржува 6-18. Март, и се очекува дека меѓу нив ќе биде и помоќна верзија на SUV моделот Seat Ateca. Ateca Cupra треба да се напојува со 2.0-литарски турбо бензинец со околу 300 КС.
Засега, последниот модел, кој покрај името Seat, има и ознака Cupra е Leon Cupra R, кој дебитираше во септември 2017 година. Оваа специјална верзија на Leon Cupra има 310 КС и продуцирана е во ограничена серија од само 799 примероци.