Додека другите автомобилски производители не зборуваат премногу за нивните идни модели, Cupra има поинаква филозофија 

Шпанците пред медиумите и јавноста отворено ги покажаа своите нови модели планирани до 2025 година, а по она што може да се види, сосема е сигурно дека не очекуваат интересни модели.

Спортскиот бренд на Seat до сега има испорачано речиси 200.000 возила, додека приходите од продажбата се зголемени од 430 милиони евра во 2018 година на речиси 2,2 милијарди евра во 2021 година. До 2025 година, Cupra ќе отвори ново поглавје со три нови електрични модели – Terramar, Tavascan и UrbanRebel – и ќе ја обнови сегашната понуда.

„Нашата цел е да испорачуваме 500.000 автомобили годишно на среден рок и, во согласност со нашата меѓународна стратегија за проширување, да навлеземе на нови пазари и нови сегменти“, рече извршниот директор на Cuprа, Вејн Грифитс, на самата презентација на моделите.

До 2024 година, палетата на plug-in хибридни модели ќе вклучува уште повеќе опции и модели. Новина во овој спортски тим е Cupra Terramar, спортски теренец долг 4,50 метри, со кој се оддава почит на тест патеката на Seat во Терамар кај Ситгес, каде што всушност и се одржа презентацијата. Како што беше речено на презентацијата, моделот ќе се произведува во Унгарија, во фабриката на Audi во Ѓер. Значи, јасно е дека Terramar ќе биде концептуално и технолошки тесно поврзан со следната генерација на Audi Q3.

Планиран за 2024 година, Cupra Terramar ќе биде достапен и со мотор со внатрешно согорување и со нова генерација на plug-in хибридни погони кои ќе можат да поминат до 100 километри во чисто електричен режим. 

Истата година на пазарот ќе излезе и Tavascan, кој веќе беше претставен во 2019 година во форма на студија. Сериската верзија нема многу да се разликува од атрактивниот концепт, ниту пак погонската единица со 320 коњски сили која е заедничка со VW ID 5 GTX.

Некои дизајнерски елементи потсетуваат на студијата Cupra Tavascan Extreme E 2021, а се очекува Tavascan да го направи брендот поглобален и да отвори нови пазари за Cupra. Тоа ќе биде вториот целосно електричен автомобил на Cupra по моделот Born кој пристигнува подоцна оваа година. 

Во 2025 година, Cupra ќе го лансира UrbanRebel, класа под електричнииот модел Born. Ќе ја користи MEB Small платформата од Volkswagen Group, на која ќе се базираат базните електрични возила од понудата на VW и Škoda.

„Cupra UrbanRebel ќе биде најголемиот проект за нашата компанија во наредните години бидејќи е клучен за нашата трансформација во целосно електричен бренд. Го предводиме развојот на овој кластер, семејство возила што ќе ја демократизира одржливата урбана мобилност. Вршиме прелиминарна работа за различни брендови во рамките на Volkswagen Group“, вели Вернер Тиец, член на Одборот за истражување и развој во Cupra.

Автомобилот долг 4,03 метри има електричен мотор од 226 КС (166 kW) и погон на предните тркала. Тоа е доволно за забрзување до 100 km/h за само 6,9 секунди. Cupra наведува максимален домет до 440 километри (верзијата Range). Дополнително, беше кажано дека овој автомобил е херој на одржливоста, кој интегрира напредни рециклирани полимери и био-базирани материјали за да биде еколошки „поосвестено“ возило. Бројни делови се направени со технологија на 3D печатено и 3D плетено производство. Ќе се произведува во матичната фабрика во Марторел.

За време на овој настан, Cupra се осврна и на идните верзии на понудените актуелни модели (Cupra Leon, Cupra Formentor и Cupra Born), кои треба визуелно и технолошки да се ажурираат до 2025 година. Она што ќе се случи со брендот Seat останува отворено. Со оглед на фактот дека Cupra еволуира во атрактивен бренд со цела палета на модели, приказната би можела да се одвива во интересни и можеби незамисливи правци.

https://youtu.be/qQySZ0ApItk