„Clown shoe“ повторно живее: Ова е уникатниот BMW Concept Touring Coupe! / ФОТО+ВИДЕО
BMW вели дека Concept Touring Coupe има мотор со шест цилиндри, па овој автомобил можете да го замислите како верзија на необичниот Z3 M Coupe
Во последните децении, BMW разви навика да создава концептни автомобили за прикажување во Concorso d’Eleganza Villa d’Este, како на пример GINA Light Visionary и Gran Lusso Coupe. Имаше и Z4 Zagato Concept во 2012 година, а оваа година баварскиот бренд го оживува Z4 со фиксен метален покрив.
Слично како и претходниот концепт автомобил базиран на Z4, ова е уникатна креација која му оддава почит на минатото, а истовремено го прифаќа модерниот дизајн. Во основа, сведоци сме на враќањето на познатиот Z3 E36/8 познат како „Clown shoe“.
Со оглед на тоа што BMW вели дека Concept Touring Coupe има мотор со шест цилиндри, овој автомобил можете да го замислите како верзија на необичниот Z3 M Coupe. Тоа е всушност Z4 M40i на кој му е отстранет електрично склопливиот платнен покрив за да се направи место за тврд покрив со препознатливиот Hofmeister изглед.
Завршен во Sparkling Lario нијанса со парчиња сино стакло, уникатното купе има издадени лакови на задните тркала и уникатни бандажи. Овие се со големина од 20 инчи напред и 21 инчи одзади и имаат дизајн со 20 краци што не потсетува на „болно“ убавиот Z8.
Додека внатрешниот распоред е во суштина преземен од серискиот Z4, кабината е облечена со фенси тапацир од италијанската работилница за кожа Poltrona Frau. Има двобојна завршница со темно кафена боја во горниот дел и светло кафена на дното. Плетената кожа зрачи со софистицираност додека не потсетува на „бејзбол“ тапацирот на оригиналниот Audi TT.
Како и со другите концептни автомобили претставени на Concorso d’Eleganza Villa d’Este во текот на годините, за жал, нема планови за сериско производство на Concept Touring Coupe.