![Citroen во клубот 100](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/01/ORIGINS-Logo_CMJN.jpg)
Citroen во клубот 100
Оваа година францускиот производител на автомобили прославува голем јубилеј достоен за почит
Имено, од почетокот на производството на автомобили со логото на Citroen, изминуваат точно 100 години, и тоа на 4 јуни, ден на кој е претставен првиот модел: A-Type. Токму затоа, менаџментот на брендот , кој сега работи во рамките на PSA Group, објави детална програма со која ќе се обележи стогодишнината.
Сепак, самата прослава нема да се случи на еден единствен настан, туку целата година пред нас ќе биде „обоена“ од Citroën. Во подготовка се серија на свечени настани кои вклучуваат поставки на важни модели за брендот во текот на историјата, посебни програми на социјалните мрежи и настани во живо, собири на сопствениците и колектори на возила Citroen, издавање на книги, сувенири …
Од Citroën ветуваат и два концепциски автомобили кои светлината на денот ќе ја видат на најголемите европски автосалони оваа година, во Женева и во Париз.