Еден од пионерите во автомобилската индустрија, францускиот Citroen одлучи да го промени своето име во Германија

Германскиот и францускиот јазик имаат слични карактеристики при пишување, но зборовите се изговараат сосема различно. Поради ова, Германците често имаат проблем да го изговорат името Citroen (се изговара Sitroen)

Ова го принудило Французите по 100 години да го променат своето име и на тој начин да им помагаат на своите купувачи во Германија. Така, отсега Citroën во Германија ќе се продава како Zitrön. Но, само како дел од интернет маркетинг кампањата во Германија во чест на еден век постоење на компанијата.

Дали ова ќе ја зголеми продажбата на автомобилите на Citroën / Zitron на најголемиот европски пазар на автомобили, останува да се види.