![Citroen Berlingo од сега и на струја / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/03/2021-citroen-e-berlingo-1.jpg)
Citroen Berlingo од сега и на струја / ФОТО
Citroen e-Berlingo се базира на стандардната верзија на овој модел, а наместо SUS мотор, во овој случај поседува електрична единица од 136 КС (100 kW)
Peugeot неодамна претстави електрични верзии на моделите Partner и Rifter, а потоа и на сестринскиот Opel Combo.
Како и сите овие модели, Citroen e-Berlingo моќноста ја добива од електричен мотор кој произведува 136 КС (100 kW) и развива 260 Nm максимален вртежен момент. Електричната енергија доаѓа од батерија со капацитет од 50 kWh, што, според стандардот WLTP, овозможува автономија од 280 километри.
За целосно полнење на батеријата потребни се 7,5 часа со стандарден еднофазен полнач од 7,4 kW. Доколку се користи опционален полнач од 22 kW за полнење, времето на полнење се намалува на 5 часа. Кога за полнење на батеријата на е-Berlingo се користи брз полнач од 100 kW, возачот може да го продолжи патувањето само по 30 минути, со наполнета батерија од 80 проценти.
Citroen e-Berlingo може да се нарача две варијанти – Medium (4,4 m во должина) и XL (4,75 m во должина).
Подолгиот модел е достапен и во верзија со 7 седишта. Во конфигурација со 5 седишта, Medium има багажник од 775 литри, а XL – 1.050 литри. Подолгата верзија со преклопени задни седишта, добива максимум 2.126 литри корисен товарен простор, а можно е вметнување предмети долги до 3,05 метри.
Електричниот Berlingo во европските салони пристигнува во втората половина од годината, до кога ќе биде позната и цената на ова возило.