Популарен јутубер уапсен по објава на видео од дивеење во BMW

Популарниот британски jутубер решил да ја посети Шпанија со своите истомисленици и добро да се забавува. На пат тргнал со стара BMW Серија 3 (E46), за која платил 500 долари. BMW автомобилот ги донел до целта, а тие решиле да му се заблагодарат на најлош можен начин

Со возилото дивееле по макадам, дрифтале на ливадата и прескокнувале преку бројни нерамнини. Ниту тоа не им било доволно, па онака од „ќеф“ почнале да „откинуваат“ делови од автомобилот, за на крај да го турнат автомобилот во речно корито и да го остават таму. За среќа, биле доволно глупави да ја снимат целата глупост и гордо да ја објават на YouTube.

Ова ја олеснило работата на полицијата во потрага по сторителите. Откако ги извадиле остатоците од автомобилот, тие го уапсиле 27-годишниот Рајан Тејлор. Против него се поднесени неколку обвиненија, вклучително и оние за кршење на безбедноста на патиштата и кршење на еколошките прописи. Исто така, утврден е фалсификат на одредени документи. Регистарските таблички од BMW автомобилот биле пронајдени на уште два автомобили кои ги користел Тејлор.

Во меѓувреме, Тејлор објавил уште неколку нови постови пред да ја сподели веста за апсењето.